СДСМ: Судскиот совет одамна го изгуби кредибилитетот

Од:

Според СДСМ „партиско – владините игри околу изборот на нов претседател на Врховниот суд се уште една потврда дека судството е во криза, зависно од партиите на власт, а извештаите на Европската комисија за таквото судство добиваат верификација“.

Потпретседателот на партијата, Ана Павловска Данева рече дека органот што избира судии, Судскиот совет наместо да се издигне над политиката и стручно и професионално да избере претседател на Врховниот суд, се претвори во партиско тело за исполнување на судските амбиции на верните пријатели на власта.

„Судскиот совет одамна го изгуби кредибилитетот со изборот на судии, но со неможноста и незнаењето како да и се спротивстави на власта и да избере Претседател, Советот покажува дека не може да се справи со силното влијание на политиката.

Од друга страна, власта сака контрола врз сите сегменти- медиумите, судството, парламентот.

Наместо партиите на власт да создадат амбиент во кој судиите ке имаат интегритет и самостојност во одлучувањето и со тоа да овозможат владеење на правото, тие упорно продолжуваат со притисоците и обидите да контролираат сè што можат.

Срамното тактизирање при изборот за претседател на Врховниот суд е класичен пример за начинот на кој ВМРО ДПМНЕ избира судии, како потоа ги контролира и како може да влијае врз нивните одлуки.

Ова е доказ дека власта форсира свој кандидат и е подготвена по секоја цена да го постави на највисоката судска функција.

СДСМ е загрижен од партиско-политичкото кулинарство за избор на претседател и затоа ја повикува власта да престане да се меша во изборот на судии, да престане да промовира пријатели и луѓе од опкружувањето за судски функции.

Само така, судството во Македонија ќе има иднина и само така ќе се обезбеди независен судски систем, кој е основа за владеење на правото“, рече Павловска Данева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата

СДСМ: Откако МВР призна вина, началникот на Тошковски мора кривично да одговара