Душарм: Во последните две години Народната банка оствари исклучителни успеси во сферата на статистиката

Од:

Народната банка се вбројува меѓу централните банки кои, и покрај пандемијата, без прекин ја унапредуваат својата статистика. Статистичките податоци што ги објавува Народната банка се усогласени со највисоките меѓународни стандарди што ги исполнуваат само 26 земји во светот, истакна директорот на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд Луј Марк Душарм на состанокот со тимот на Народната банка предводен од гувернерката Анита Ангеловска- Бежоска во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.

Според Душарм, постигнато е многу и на планот на дисеминацијата на податоците, откако почнал да работи статистичкиот портал „НБСтат“.

Душарм, како што соопшти Народна банка, посочил дека остварувањата на НБ во сферата на статистиката, особено во изминатите две години, придонеселе за исклучителни успеси кои се од големо значење за севкупниот статистички систем на државата. На состанокот било истакнато дека објавувањето на статистичките податоци е значајно и за економијата во целина, бидејќи дава основа за носење на исправни одлуки, како од носителите на политиките, така и од корпоративниот сектор. Оценето е дека од почетокот на корона-кризата, Народната банка ги реализирала сите статистички истражувања без доцнење.

На состанокот било истакнато дека Народната банка постојано работи на подобрување на транспарентноста, квалитетот и обемот на статистичките податоци што ги подготвува, како и на заокружување на показателите кои се во нејзина надлежност согласно со највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоци на Меѓународниот монетарен фонд.

– Народната банка, пред неполна година, започна со објавување на податоците за годишните финансиски сметки на домашната економија, коишто ги прикажуваат состојбите на финансиските средства и обврските. Ова беше значаен чекор за домашниот статистички систем, бидејќи овие податоци даваат детални информации за состојбата и промените на финансиските средства и обврските на одделните сектори, нивната структура по одделни финансиски инструменти, како и меѓусебната финансиска изложеност на одделните сектори. Оттаму, финансиските сметки се важен извор на информации за носителите на економските политики, се наведува во соопштението од НБ.

Народната банка преку повеќе проекти со ММФ, Европската Унија и Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија (SECO), работи и на јакнење на статистичките капацитети.

На состанокот учествуваше и тим од Министерството за финансии предводен од министерот Фатмир Бесими.

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски