Со шокантни фотографии на кутиите за цигари и строги правила за производите, Европската комисија сака да го намали бројот на пушачи.
Според статистиките околу 700 илјади лица во ЕУ секоја година умираат прерано токму поради цигарите. И покрај тоа сепак е голем бројот на зависниците.
Со директивата дури 75 проценти од кутиите треба да бидат прекриени со предупредувања за штетноста од пушењето.
Целта на директивата е да се намали бројот на пушачите за два проценти во наредните пет години, бидејќи дури 25 милиони евра во ЕУ годишно се трошат за лекување на болести предизвикани од пушењето.
Елена Георгиевска