Германската канцеларка, Ангела Меркел ги повика „Гугл“ и „Фејсбук“ да ги откријат своите контакти со специјалните служби на САД.
Таа ова го истакна одговарајќи на прашањето дали постои потреба за меѓународен договор за заштита на информации.
Меркел дека е потребно утврдување на норми внатре во ЕУ кои ќе обезбедат реална заштита на информациите, при што една од нив ќе се однесува за интернетот, односно компаниите на властите на европските држави ќе треба да им открија дел од својата соработка со специјалната служба.
Германската канцеларка додаде дека постоечкиот германски закон не овозможува ефикасна заштита на приватноста, доколку упади се вршат преку „Фејсбук“ или друга социјална мрежа.
Елена Георгиевска