Германското воено контраразузнавање минатата година открило околу 400 екстремисти во вооружените сили, пренесе ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на директорот Улрих Биркенхајер.
Над 300 од нив се приврзеници на крајната десница, а приближно 50 биле исламисти. Биркенхајер посочи дека против голем дел од овие војници почнале истраги со цел тие да се отстранат од германските вооружени сили.
– Фактот си е факт: екстремистите немаат место во Бундесверот, подвлече тој во интервју за радио „Дојчландфунк“.