Токио: Ракетните тестирања на Пјонгјанг претставуваат закана

Од:

Јапонската Влада верува дека ракетните тестирања на Пјонгјанг претставуваат закана и за соседните земји и за меѓународната заедница, изјави заменик генералниот секретар на владата во Токио, Јошихико Исозаки.

– Нуклеарните и ракетните активности на Северна Кореја, вклучувајќи го и неодамнешното лансирање подморнички ракети, го загрозуваат мирот и безбедноста на нашата земја, регионот и целата меѓународна заедница, истакна Исозаки.

Тој оцени дека најновите лансирања на севернокорејски воени подморнички ракети се „очевидно кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН“ и нагласи дека Јапонија ќе ја продолжи тесната соработка со САД, Јужна Кореја и целата меѓународна заедница за решавање на проблемите кои ги предизвикува Северна Кореја.

Јапонскиот функционер посочи дека Токио, со оглед на развојот на нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја, ќе мора да го зајакне својот ракетен одбранбен систем.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски