Обама: Да се смират тензиите поради Зимерман

Од:

Претседателот на САД, Барак Обама апелираше да се смират тензиите по одлуката на судот на Флорида да го ослободи Џорџ Зимерман, кој во 2012 година го уби 17-годишниот Трејвон Мартин.

-Знам дека овој случај предизвика големо незадоволство и тоа по одлуката на судот може да се зголеми. Сепак, ова е правна држава, а поротата ја донесе својата одлука-стои во неговото соопштение.

Американското Министерство за правда вчера соопшти дека за убиството на Мартин пред година дена беше отворена истрага.

Trayvon-protesti

Одлуката на судот наиде на остри реакции на многу невладини организации за заштита на човековите права, а демонстрации се одржаа ширум САД.

Обама вчера изјави дека убиството на младото момче е трагедија не само за неговото семејство и за општеството во кое што припаѓа, туку и за цела Америка.

Зимерман во текот на судењето тврдеше дека Мартин го нападнал и дека тој го убил во одбрана.

Според законот од 2005 година на Флорира, во случај на опасност секој има право на одбрана, вклучувајќи и употреба на оружје.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху