Турција се уште го признава Мохамед Морси за легитимен претседател на Египет, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.
– Доколку дојде до маргинализирање на политичките елементи по превратот во Египет, насилството може да се прошири во целиот регион на Блискиот Исток, нагласи Давутоглу.
Турскиот амбасадор во Каиро минатата недела беше повикан во египетското Министерство за надворешни работи во знак на протест поради „мешањето на Турција во внатрешните работи на Египет“.