Полска одлучи да го распушти дисциплинскиот совет на Врховниот суд во согласност со барањата на Европската унија, соопшти денеска премиерот Матеуш Моравиецки.
-Имаше прашање за дисциплинскиот совет на Врховниот суд. Да. Имаме намера да го распуштиме, рече Моравјецки за време на пленарната сесија на Европскиот парламент.
Тој додаде дека советот ќе се распушти бидејќи „механизмите што беа воведени, механизмите на судска одговорност, не ги исполнија нашите очекувања“.
Врските меѓу Варшава и Брисел се влошија во текот на овој месец откако полскиот Уставен суд одлучи дека два клучни члена од договорот за ЕУ се некомпатибилни со Уставот на Полска, што значи дека земјата ќе може да продолжи со судските реформи, што се осудени од највисоките европски официјални претставници.