Фишер: Црна Гора ќе влезе во ЕУ дури по 2020 година

Од:

 Амбасадорот на Германија во Подгорица Пиус Фишер денеска изјави дека Црна Гора, најверојатно нема да стане полноправна членка на Европската унија (ЕУ) пред 2020 година, пренесе Танјуг.

Фишер изјави дека Берлин ги поддржува европските интеграции на Црна Гора, но тоа не го прави безусловно.

-Колку ќе трае процесот на пристапување ќе зависи од самата Црна Гора. На Хрватска за тоа и требаа осум години. Ако е ова параметарот за Црна Гора, пристапувањето би можело да потрае најмалку до 2020 година или нешто подолго, наведе Фишер.

Тој за подгоричките медиуми кажа дека за Црна Гора се битни квалитетот и оддржливоста на реформите што се спроводуваат, што е многу поважно од брзината на преговарачкиот процес.

-Тоа се лекции научени од ЕУ со другите земји кандидати, рече германскиот амбасадор.

Европската комисија претходно соопшти дека резултатите во преговарачките поглавја 23 и 24, што се однесуваат на правосудството и владеењето на правото, се клучни за натамошниот напредок на Црна Гора во европските интеграции.

Црна Гора, до сега, привремено затвори две преговарачки поглавја и тоа 26, што се однесува на образованието и културата и 25, што ги покрива областите наука и истражувања.

Подгорица преговорите со ЕУ ги почна на 29 јуни минатата година, кога во Брисел се одржа првата Меѓувладина конференција меѓу Црна Гора и ЕУ. На оваа меѓувладина конференција и претходеше позитивната одлука на Европскиот совет за отворањена пристапните преговори со Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време