Триесет и четири годишна Британка почина синоќа при обид да го преплива протокот Ла Манш меѓу Велика Британија и Франција.
Жената била придружувана од 10-метарскиот англиски брод „Патфајндер“, кој испратил сигнал за тревога и побарал дефибрилатор.
Француските спасувачки служби испратиле хеликоптер на воената морнарица, кој ја пренел во болницата во Булон-сур-Мер, каде таа починала. Температурата на водата била 15 степени Целзиусови.
Пливањето низ Ла Манш од братинскиот кон францускиот брег е дозволено од организации кои се признати од британските власти, но во обратен правец е забрането од француските власти, бидејќи има интензивен морски сообраќај и понекогаш временските услови се тешки.