Најмалку три лица загинаа, а 17 се повредени во нападот изутринава врз автобус, кој превезувал работници во градот Ел Ариш, во северната египетска провинција Синај.
Во автобусот патувале работници од фабрика за цемент во близина на границата со Појасот Газа, врз кој биле фрлени гранати.
Според очевидци, напаѓачите извикале „Алах о акбар“ (Господ е голем), по што автобусот бил погоден.
Во реонот на северен Синај, кој граничи со Израел и Газа, по соборувањето на египетскиот претседател Мохамед Морси се почести се нападите на исламистички групи.