Најмногу агитирање и поткуп било пријавувано за време на изборите, фатено и заразено лице со корона како гласа

Од:

Најмногу пријави во текот на изборниот ден имало за агитирање, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Од 42, отфрлени се седум, а по останатите се постапува. Најмногу пријави добила скопската полицијата.

„Во текот на денешниот ден досега беа пријавени 42 случаи на агитирање, како најчеста појава овој изборен ден, од кои седум се отфрлени како неосновани, а по останатите се постапува, но и во овој сегмент повторно бележиме намалување од околу 40% за разлика од 75-те пријавени случаи на агитирање на минатогодишните избори. Потоа, евидентирани се 13 пријави за изборен поткуп, од кои пет отфрлени како неосновани, 7 за упатување закани или вознемирување гласачи, 6 случаи за фотографирано гласачко ливче, 3 за излепен пропаганден материјал, по два настана за нарушување на јавен ред и мир, за снимање на просторија на гласачки места, за фотографирање гласачи, два за уништување гласачки материјал, по еден за фрлени гласачки ливчиња, гласање од страна на Ковид позитивно лице, попречување гласање, како и една кривична пријава за настан случен за време на молкот. Ова се покарактеристичните настани во текот на овој изборен ден, пријавени досега.

Најголемиот број пријавени настани се на подрачјето на СВР Скопје-22, СВР Штип-19, СВР Куманово -16, СВР Битола -14, СВР Тетово – осум, СВР Велес-пет, СВР Охрид-три, СВР Струмица-три и едно известување од Секторот за компјутерски криминал, а се однесува за подрачје на СВР Скопје“, кажа Спасовски.

Тој смета дека изборниот ден поминал во мирна и демократска атмосфера. Спасовски потенцираше дека се бележи намалување на пријавениот број на нерегуларности за разлика од парламентарните избори во 2020 година.

„Годинава се пријавени 91 настан, за разлика од претходните избори кога беа пријавени 151 настани. Пријавени се 7 случаи во кои се инволвирани полициски службеници, од кои 6 се проверени и од нив само две се основани (а се во врска со агитирање при вршење службени дејства), а еден е во фаза на расчистување“, кажа Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните

(ВИДЕО) СДСМ бара 20% зголемување на платите на полицајците

А1он

Спасовски до Мицкоски: Направивте брутална партизација со бројни примери за непотизам

А1он

Спасовски: СДСМ поднесе амандман за награда на пожарникарите, полицајците, војниците, за гасењето пожари

Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против Оливер Спасовски

Катерина Ѓуровски