Полицаец бил омаловажуван на гласачко место

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат за неколку помали инциденти од денешното гласање.

„На гласачко место 2353 и 2353/1 во с.Долно Количани во основно училиште „Кемал Ататурк“ од страна на Р.Е.(27) од с.Долно Количани бил омаловажуван полициски службеник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје околу 15,40 часот од претседател на изборна комисија С.А. во основно училиште „Гоце Делчев“ во населба Илинден на избирачко место бр.2393 било пријавено дека Р.А. од населба Илинден го сликал гласачкото ливче и им го покажал на членовите од изборната комисија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

СВР Велес Во 18,15 часот на избирачко место 1239 во ОУ „Димко Габерот“ во Демир Капија лицето В.М. од Демир Капија дошол да го оствари правото на глас, и кога комисијата му ги дала ливчињата, истиот ги искинал и ги ставил во џебот. Во консултација со Јавен Обвинител ќе се превземат потребните дејствија“, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска