Македонскиот фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ попладнево го постигна својот прв гол сезонава во турската Супер лига и му помогне на Гезтепе да триумфира над Касимпаша со 2-1.
Гезтепе дојде до победата со пресврт, откако домаќините поведоа во 51 минута преку Јусуф Ердоган.
Јаховиќ го израмни резултатот во 67 минута, а трите бода на гостинскиот тим ги донесе словенечкиот репрезентативец Давид Тијаниќ во 86 минута.
Гезтепе по девет кола во турското првенство е во зоната за испаѓање на 17. место со осум бодови, а во следното коло игра на домашен терен против Трабзонспор.