Меѓу британските војници повеќе самоубијци, отколку загинати во борбите во Авганистан

Од:

Најмалку 50 британски војници и воени ветерани, извршиле самоубиство во текот на минатата година, што е повеќе од бројот на загинатите во борбите против талибанците во Авганистан, покажуваат податоците, кои денеска ги објави Би-Би-Си.

Британското Министерство за одбрана потврди дека седум војници извршиле самоубиства во текот на 2012 година, додека за уште 14 постои сомневање дека си го одзеле животот, со оглед на тоа дека истрагата за тие случаи се уште не е спроведена.

Освен овие податоци, истражувањето на британскиот јавен сервис покажало дека уште најмалку 29 воени ветерани минатата година извршиле самоубиство, нагласувајќи дека за овие случаи нема официјални податоци.

Во истиот период 40 британски војници загинале во борбите во Авганистан, служејќи во мисијата на Велика Британија во таа земја, каде моментално има 9.500 британски војници.

Семејствата на војниците, кои извршиле самоубиство изјавија за Би-Би-Си дека војската би требало повеќе да се ангажира во спречување и лекување на посттрауматскиот стресен синдром и да го третира како физичка повреда.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот