Непознати напаѓачи убија денеска во севрен Ирак шест лица, меѓу кои и службеник од локалните власти, соопшти полицијата.
Првиот напад е извршен рано изутрината. Напаѓачите убиле двајца војници во напад врз контролен пункт во Мосул, на 360 километри северозападно од Багдад.
Неколку часа подоцна во близина на Мосул од бомба поставена на патот загинаа член на градските власти и неговиот син.
Исто така напаѓачите убиле и двајца полицајци во Мосул, но на друга локација, кога отвориле оган кон контролен пункт на полицијата.
Насилството во Ирак е зголемено од почетокот на светскиот муслимански месец Рамазан.