Косовската полиција денеска соопшти дека запленила околу 250 килограми разни видови на дрога и дека уапсила повеќе лица осомничени за шверц на наркотици.
Во соопштението се прецизира дека дрогата била запленета во неколку акции на полициската Дирекција за борба против илегалната трговија со наркотици, кои биле спроведени во две области на Косово.
Полицијата најави и дека попладнево косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи ќе одржи прес-конференција на која ќе бидат соопштени повеќе детали за запленувањето на дрогата.