Ристовски: Поволности и бенефиции при сместување и стипендирање студенти

Од:

Министерството за образование и наука утре ќе распише конкурс за прием на студенти во државните студентски домови. Студентите ќе конкурираат за 6.369 слободни места, а распределбата ќе се врши согласно новините од неодамна изгласаниот Закон за студентски стандард.

Според ресорниот министер Спиро Ристовски, законот содржи поволности и бенефеции за студентите при сместување и стипендирање, особено за тие од ранливите категории. Очекува годинава  да бидат затворени поголем дел од отворените прашања во изминатите години  во однос на  правата на студентите за сметување и стипендирање.

– Целта на донесувањето на законот е да се  намалат сите влијанија, ургенции и обиди да се влијае на сместувањето од каква било гледна точка. Не само да говориме за партискиот елемент туку навистина да се постави систем во којшто врз основа на социо-економскиот статус на студентот и на неговото семјество ќе се даде правичен пристап во сместувањето, рече Ристовски.

Поголеми бенефиции, појасни, им се овозможуваат на студентите кои се пријавуваат за сместување и исхрана во студентските домови, а кои согласно новиот Закон се делат на три категории, за кои се определува одреден процент од вкупниот број легла.

Првата категорија се студенти од ранливите категории, за кои државата целосно ги надоместува трошоците за сместување и исхрана во студентските домови. Опфатеноста на таа категорија студенти е до 40  проценти од вкупниот број легла во домовите.

Тука, информира министерот, припаѓаат студенти со статус на деца без родители и родителска грижа, деца со посебни потреби, деца на корисници на социјална парична помош и постојана парична помош, на самохран родител, на невработени родители и деца на корисници на надомест по основ на престанок на работен однос од деловни причини, за кои вкупните приходи во семејството се до нето минималната плата утврдена во државата.

Во таа група спаѓаат и студентите со еден од наведените статуси за кои вкупните приходи во семејството се над нето минималната плата и кои плаќаат за сместување и исхрана во студентскиот дом каде добиле легло.

Втората категорија се студенти кои постигнале особено висок успех во тек на досегашното учење.Опфатеноста на таа категорија студенти е до 25  проценти од вкупниот број легла во домовите. Третата категорија, пак, се студенти кои не се опфатени во претходните две категории, за кои ќе се распределат до 35 проценти од вкупниот број легла во домовите.

Новиот Закон, наведе Ристовски, овозможува и поголеми бенефиции на студентите од  ранливите категории, преку поголем опфат во процесот на стипендирање.

Слична е поделбата како и кај сместувањето во студентските домови. Опфатеноста на првата категорија студенти е до 50 проценти од вкупниот број стипендии кои ќе се доделуваат, до 30 проценти опфатеност за студенти кои постигнале особено висок успех во текот на досегашното учење и до 20 проценти за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-матеметичките науки, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки.

– Бројот на стипендиите ќе зависи од апликациите. Како и секоја година секогаш е иста количината на стипендии и  во буџетот за 2014 година ќе се планираат средства како и секоја година, наведе Ристовски, истакнувајќи дека како и секогаш приоритет ќе биде редовната исплата на стипендиите.

Согалсно новиот Закон, веќе е донесен нов Правилник за начинот на прием на студентите во државните студентски домови, а се работи и на подготовка на останатите подзаконски акти. Новина е и тоа што, прв пат секој студентски дом ќе треба да донесе годишна програма за работа на домот.

Попрецизно се утврдени и мерките за студенти кои нема да го почитуваат до куќниот ред на домот. Ќе се изрекуваат  писмена опомена, опомена пред отстранување и забрана на користење на услугите во студентскиот дом, во зависност од степенот на повреда на куќниот ред. Студентите ќе ја надоместуваат и евентуално направената штета.

Детални информации за условите и критериумите за пријавување за сместување во студентските домови ќе има во утрешниот конкурс. Аплицирањето и натаму ќе биде електронско, а пријавата може да се обезбеди на интернет порталотwww.smestuvanje.mon.gov.mk.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки