Британската служба која врши истрага за пожарот во авионот „боинг 787-дримлајнер“, наведува дека нема докази дека пожарот е предизвикан поради неисправност на батериите на леталото.
Службата додаде дека пожарот во авионот кој се запали вчера, додека бил паркиран на пистата, избил далеку од делот во кој се наоѓаат батериите.
Цела флота од овие авиони беше приземјена во јануари, и не летеа до април.
„Боинг“изврши измени во системот за полнење на акумулаторите со струја и ја зголеми изолацијата на сите испорачани авиони, со што го реши проблемот од прегрејување на акумулаторот, кој може да предизвика пожар.
Во инцидентот, поради кој двете писти на лондонскиот аеродром „Хитро“, беа затворени речиси еден час, нема повредени.
Елена Георгиевска