Денио: Важно е Србија да е подготвена

Од:

Францускиот амбасадор во Србија, Франсоа Гзавије Денио, вели дека преговорите на Србија за членство во ЕУ ќе започнат помеѓу состаноците на Европскиот совет од 20-ти декември и 31-ви јануари. Според него сега е најважно Србија добро да се подготви.

-Одлуката за започнување на преговорите е донесена. Но доколку е потребно повторно да се слушне Европскиот совет во декември, можам да кажам дека преговорите ќе започнат помеѓу состаноците од 20-ти декември и 31-ви јануари-наведе тој.

На прашањето што значи терминот „потполна нормализација на односите со Косово“одговори дека тоа значи „конкретна, одржлива и видлива примена на договорот помеѓу Белград и Приштина од април и мај годинава“.

Францускиот дипломат нагласи дека тој термин не значи признавање на Косово, наведувајќи дека тоа го нема во договорите и потсети дека пред секоја важна одлука на Европскиот совет, се одржуваат француско-германски состаноци, поради посебен партнерски однос на државите.

Тој додаде дека Париз не се сомнева дека српската влада е подготвена да го примени она што го потпишала, односно Бриселскиот договор.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда