Дендијас: Грција е прва земја членка на ЕУ од ЈИЕ и се обврзува да го внесе Западен Балкан во Унијата

Од:

САД и Грција на третата рунда стратешки дијалог уште повеќе ги зацврстија билатерални односи и потпишаа обновена верзија на Заедничкиот договор за соработка во одбраната.

Во текот на церемонијата денеска во Стејт департментот пред потпишувањето на договорот, министерот за надворешни работи Никос Дендијас ја истакна зголемената обврска на Грција да издејствува членство на Западен Балкан во ЕУ.

Во текот на заедничката изјава, државниот секретар Ентони Блинкен ја опиша Грција како надежен сојузник и столб на стабилноста во регионот.

-Грција е застапник на демократијата, европските интеграции и силни трансатлантски врски, што сите нас не прави посилни, истакна тој.

Блинкен изјави дека на стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција биле додадени и хуманитарните предизвици и како да се одговори на катастрофите, после шумските пожари лани во Грција и низ југоисточна Европа.

-Во поглед на климатските промени, вакви катастрофи се очекува да се случуваат почесто и со засилен интензитет, и критично е тоа што нашите земји работата заедно да одговорат на климатската криза со значајно намалување на издувните гасови, истакна Блинкен.

Од своја страна, Дендијас истакна дека напорите на Грција се базирани на мирот и стабилноста, и потсети дека земјата е постојано соочена со криза во Источен Медитеран, алудирајќи на Турција но не споменувајќи го името на својот источен сосед.

-Во Источен Медитеран Грција е соочена со „казус бели“, закани со војна кога ги исполнува своите суверени права. Морам да кажам, Грција во регионот се соочува со секојдневни провокации, посочи Дендијас.

Додаде дека Грција „како прва југоисточноевропска земја која стана членка на ЕУ“, има зголемена обврска да обезбеди интеграција на Западен Балкан во „европското семејство“.

-Грција промовира стабилност и се обидува да спречи да доминираат силите кои сакаат да го отфрлат наназад овој немирен регион, кажа Дендијас, со алузија на косовската криза.

Министерот се осврна и на неодамнешниот договор за соработка во одбрана меѓу Грција и Франција, истакнувајќи дека тој го засилува европскиот дел на НАТО.

Потврди дека Грција „во границите на своите можности ќе се стреми да учествува во решавањето на глобалните предизвици како пандемијата и климатските промени“.

Според грчки дипломатски извори, обновениот одбранбен договор ќе овозможи Вашингтон да инвестира во Грција во стратешки и геополитички цели, како модернизација на четири воени бази во земјата.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Силен земјотрес во Грција