Приведен велешанец, пронајдени хероин, марихуана и таблети

Од:

Полициски службеници привеле велешанец, кај кого при претрес на неговиот дом биле пронајдени хероин, марихуана и таблети, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– На 12.10.2021 во 19:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода К.Р.(35) од Велес. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, марихуана и таблети, посочуваат од МВР.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари