Младиот пијанист од Тетово, Шкељзен Бафтијари синоќа настапи во Центарот за култура во Кичево, во рамки на манифестацијата „Празнични денови и ноќи“. Тој пред малубројниот аудиториум имаше успешен настап на пијаното што пред 18 месеци го донираа печалбарите родум од овој регион.
Бафтијари беше задоволен од настапот во Кичево и очекува повеќе гледачи во наредните гостувања.
-Третпат настапувам во Центарот за култура во Кичево.Третиот настап го сочинуваа Соната број 23-„Апасионата“ од Лудвиг Ван Бетовен, „Либурн Јуполи-Маја“ и Унгарска рапсодија број 2 од Франц Лист. Единствено на овој концерт недостигаше малку повеќе публика за да се подобри вкупниот впечаток од ово настан , што за нас музичарите е од исклучителна важност и ни дава повеќе инспирација да дадеме се од себе.Очекувам со секој нареден настап во Кичево да има повеќе публика, како и во мојот роден град Тетово, да се зголемува бројот на љубители на сериозната музика, што единствено може да се забележи во главниот град, каде што постои далеку подолга традиција за присуство на вакви концерти, истакна пијанистот Шкељзен Бафтијари.