Приведен скопјанец баран со потерница

Од:

Триесет и двегодишен скопјанец е приведен вчера попладне на влезот од Старата скопска чаршија. Приведениот А.Г. е баран со потерница од Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека А.Г. е приведен во 17:30 часот на улицата „Битпазарска“ од страна на ЕВР Карпош.

Тој е спроведен до Затворот Скопје за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари