Најмалку двајца загинати кога авион „Цесна 340“ се урна во предградие на Сан Диего во Јужна Калифорнија. Меѓу загинатите најверојатно е и пилотот на авионот.
Повредени се најмалку две лица, меѓу кои и една жена која соседите ја извлекле низ прозор на куќа во која настанал пожар по несреќата.
Авионот летал кон аеродромот „Монтгомери-Гибс“ кога се урнал, а непосредно пред падот, контролорот го предупредил пилотот дека лета премногу ниско.