Во Албанија пристигна шестата група со 16 Муџахедини

Од:

Врз основа на договорот меѓу САД и албанската Влада, на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ синоќа пристигна четвртата група ирачки Муџахедини, јави дописникот на МИА од Тирана.

Станува збор за 16 лица, од нив девет мажи и седум жени. Со оваа група, во Центарот за азиланти во Бабру кај Тирана вкупно се сместени 109.

Албанија се согласи да прими 210 Муџахедини, што значи дека од кампот „Аштраф“ од Ирак треба да бидат трансферирани уште 101 Муџахедин.

Албанската Влада преку Министерството за внатрешни работи ги презеде сите потребни мерки за сместување и безбеден престој на овие лица, додека трошоците за престој ги покрива УНХЦР.

Првата група, која пристигна на шести мај, веќе се прилагодува на животот тука и веќе следи курс за изучување на албанскиот јазик.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски