Севернокорејскиот лидер Ким повика на подобрување на условите за живот во неговата земја

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун ги повика властите да вложат поголеми напори за надминување на „суровите“ услови за живот со кои се соочува земјата, пренесува Анадолија.

Ким зборуваше по повод 76-годишнината на владејачката Работничка партија на Кореја, објави севернокорејската централна новинска агенција (КЦНА).

Ким ги повика властите да вложат повеќе напори за подобрување на условите за живот во својата земја.

Изјавувајќи дека не можат да се постигнат економските цели поставени на почетокот на 2020 година, Ким најави нов план за развој во следните пет години за решавање на проблемите, пред се недостигот на храна.

Се наведува дека на Северна Кореја, која беше значително негативно погодена од ограничувањата воведени поради пандемијата на коронавирус и поплавата на крајот на 2020 година, и се заканува недостиг на храна.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка