Рокот за учество на Меѓународниот фестивал на кратки книжевни форми трае до 15 октомври

Од:

Конкурсот за испраќање кратки книжевни форми на Меѓународниот фестивал на кратки книжевни форми трае до 15 октомври оваа година, а веќе се добиени повеќе од 500 кратки книжевни форми.

Како што соопшти Издавачката куќа Феникс, која е организатор на Фестивалот, најмногу се пристигнати поетски и прозни книжевни форми, но не недостасуваат и есеи, критики и кратки драмски текстови.

– Единствениот услов е книжевниот текст да не биде подолг од една страница, а на Конкурсот се пријавуваат и учествуваат автори од цел свет. Така, меѓу пријавените се и: Сава Дамјанов (Србија), Махмуд Саид Каваш (Данска), Луцила Трапазо (Италија), Димитар Никленов (Бугарија), Анаис Јаник (Австрија), Дуња Ожеговиќ (Хрватска), Весна Мојсова – Чепишевска (Македонија) и многу други, посочуваат од Издавачката куќа.

Меѓународниот фестивал на кратки книжевни форми ќе се одржи во чест на Денот на Град Скопје, поточно на 24 ноември, кога ќе се одржи и меѓународен научен собир за кратките книжевни форми и ќе бидат избрани и наградени најдобрите кратки книжевни форми во сите пет категории.

По завршувањето на Меѓународниот фестивал на кратките книжевни форми, ќе бидат објавени две електронски изданија и тоа: Антологија на кратките книжевни форми и Зборник на научни трудови за кратките книжевни форми.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска