Со два натпревари вечерва официјално стартува новата македонска прволигашка сезона во футсал, во која титулата ја брани екипата на КМФ Проект.
Актуелниот шампион на стартот од новата прволигашка сезона в недела го очекува дерби натпреварот против најтрофејниот македонски футсал клуб Железарец, а правдата на натпреварот ќе ја дели интернационалниот футсал судија Марјан Младеновски, заедно со Никола Костенчев.
Двојки и термини за натпреварите од првото првенствено коло:
Петок 19:00 час. – Тетово: КМФ Шкендија – КМФ Арбен Бајрами
Петок 20:15 час. – Кавадарци: КМФ Црна Река – КМФ Енхалон
Сабота 15:00 час. – Липково: КМФ Карадаку – КМФ Велес
Сабота 18:00 час. – Скопје: КМФ Јувентус – КМФ Шкупи
Недела 17:00 час. – Скопје: КМФ Железарец – КМФ Проект.