Клемен Бон: Одлуката на полскиот суд претставува напад врз ЕУ, економски санкции се опција

Од:

Францускиот министер за европски прашања денеска изјави дека одлуката на полскиот суд, според која некои договори на Европската унија не се компатибилни со Уставот на Полска, претставува напад врз ЕУ и дека економски санкции се опција.

„Многу е сериозно. Де факто постои ризик од напуштање на Европската унија“, изјави Клемен Бон за ТВ БФМ, додавајќи дека тој не сака Полска да ја напушти Европската унија.

Полскиот Врховен суд вчера оцени дека некои делови од договорот со ЕУ се некомпатибилни со полскиот Устав.

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, предупреди денеска дека развојот на ситуацијата во Полска е „многу, многу загрижувачки“.

„Мораме јасно да кажеме дека владата во Полска си игра со оган. Европските закони се од суштинско значење за европска интеграција и заеднички живот. Ако тој принцип е прекршен, Европа како што ја знаеме, изградена врз Римските договори, ќе престане да постои“, нагласи Аселборн.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази