По повод чествувањето на 30 години независна македонска држава, во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија вечер, во Скопје, ќе се одржи концерт на кој ќе настапат солисти, квартет и фолклорен квинтет, сочинети од ученици од музичкото училиште „Илија Николовски – Луј“, како и детскиот хор „Пиколо“ под диригентската палка на Весна Димчевска.
-Одбележувањето на 30-годишнината од независноста насловено како „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ претставува пресек на само скромен дел од уметничките белези, артикулирани низ визуелните, изведбените и музичките интерпретации, стои во соопштението од Кабинетот на Претседателот.