Три претстави вечерва на МТФ „Водјан Чернодрински“, утре ќе се знае најдобрата претстава

Од:

Со вечерашните претстави ќе биде заокружена официјалната програма на 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што од 1 до 8 октомври се одржува во Прилеп.

Од 18 часот Театарот за деца и младинци од Скопје ќе ја изведе претставата „Едвард раце ножици“ според сценариото на Тим Бартон и Каролајн Томпсон. Ќе се одигра во Прилепскиот народен театар. Од 21 часот на сцената во Центарот за култура „Марко Цепенков“, Битолскиот театар ќе ја изведе претставата „И коњите ги убиваат, зар не?“ од Хорас Мекој, во режија на Мартин Кочовски. Од 23 часот публиката ќе може да ја види дипломската претстава од ФДУ „Мурлин Мурл“ од Николај Кољада.

Утре напладне фестивалското жири во состав: Ѕвездана Ангеловска, актер и режисер, Бајруш Мјаку, актер и теарологот од Србија Александар Милосављевиќ ќе ја соопшти најдобрата претстава и најдобрите остварувања на годинашниов јубилеен, 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На програмата на Фестивалот се 13 претстави. Само една, претставата на Кумановскиот театар, беше одложена поради болест на актер.

Утревечер, во Прилепскиот народен театар ќе бидат доделени наградите и во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Драмски за Конески“, во продукција на Драмски театар од Скопје.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

ДПМ во понеделник ќе ги додели традиционалните годишни награди

Премиера на претставата „Океанија“ покрај струшкото крајбрежје