Во бомбашки напад на едно кафуле во североисточниот град Киркук синоќа загинаа најмалку 38 луѓе, соопштуваат полицијата и лекарите, пренесува „Ројтерс“.
Нападот е извршен во етнички мешан град и е последен во низата крвави напади во Ирак од почеток на светиот месец.
Само од почеток на април, повеќе од 2.600 лица загинаа во Ирак, а постои стравување дека државата е на работ на граѓанска војна.
Во Киркук живеат Арапи, Курди и Туркмени, и сите тие тврдат дека имаат право на областа која изобилува со нафта.
Eлена Георгиевска