Протести во Каиро за поддршка на Морси

Од:

Десетици илјади Египќани протестираа синоќа во Каиро со барање соборениот претседател Мохамед Морси да биде вратен на функцијата.

Организацијата Муслиманско братство на Морси повика вчера за продолжување на протестите и десет дена по соборувањето на досегашниот шеф на државата од страна на воените власти.

Голем број поддржувачи на Морси излегоа на улиците во Египет, виорејќи знамиња и извикувајќи пароли за негова поддршка.

Протестите минаа мирно и не дојде до насилство, како што беше случај минатата недела, кога во судирите меѓу противниците и приврзаници на Морси загинаа 35 лица.

По полноќ во Каиро исполнет до голем број приврзаници на Муслиманско братство, а околу Министерството за одбрана стотици демонстранти извикуваа пароли за поддршка на Морси кон војниците, кои стоеја на десетина метри од нив.

„Тука сум за да му кажам „не“ на воениот удар и „да“ на Морси, кого го сметам за наш легитимен претседател и покрај тоа што не сум од Муслиманското братство, ниту сум гласал за него, изјави студент во центарот на Каиро.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина