Лавров: Москва предлага воспоставување нов формат на Кавказ

Од:

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска објави дека официјална Москва предлага воспоставување нов формат на Кавказ, јави агенцијата Анадолија.

Новиот формат ќе се состои од три кавкаски држави (Ерменија, Азербејџан и Грузија) и нивните три „големи соседи“ – Русија, Турција и Иран.

Шефот на руската дипломатија, на прес-конференција по состанокот со својот ирански колега Хосеин Амирабдолахијан во Москва, рече дека форматот ќе се занимава со безбедносни прашања, деблокирање на економските и сообраќајните врски.

Според него, позитивен став кон иницијативата изразиле Иран, Турција и Азербејџан.

– Работиме со колеги од Ерменија. Се надеваме дека Грузија, и покрај сите проблеми со кои се соочува, ќе може да го види својот интерес да создаде таков механизам за консултации и координација на решенија за забрзан развој на овој регион, кој долго време беше попречен од тековните конфликти, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина