Албанската полиција на граничниот премин Морина, на албанско-косовската граница, уапси косовски Албанец, баран со меѓународна потерница од страна на германската полиција за трговија со наркотични средства, јави дописникот на МИА од Тирана.
Според полицијата станува збор за Нехат Тафа (27) од Ландовица, Косово, кој бил уапсен при влез во Албанија.
При контрола на документите, произлегло дека Тафа е лице барано со меѓунардона потерница од страна на германската полиција за „недозволена трговија со наркотични средства“ и „кражби во соработка“.
Во текот на минатата година на овој премин албанската полиција упаси најмалку дваесет Косовоци барани со меѓународна потерица, додека во изминатиот период од годинава десеттина.