Предсезонскиот натпревар од НБа лигата меѓу Мемфис и Милвоки беше прекинат. Причината е противпожарниот аларм кој се вклучи и сите присутни мораа да ја напуштат арената.
Играчите и техничкиот персонал прво беа спроеведени во соблекувалните, а кога стана јасно дека натпреварот нема да продолжи, беа изнесени од салата.
Според информациите, немало опасност за луѓето што биле во салата, но противпожарната служба морала да реагира.
Натпреварот беше прекинат непосредно пред почетокот на последната четвртина, мемфис имаше водство од 87-77.