Привремената египетска власт го именуваше правникот Зијад Бах ел Дин, член на левичарската Египетска социјалдемократска партија, за заменик на премиерот.
Инаку премиерот Хазем ел Беблави истакна дека преговара и со останатите кандидати за својата влада, која според неговите очекувања, ќе се формира наредните неколку дена.
Претседателот на привремената египетска влада, Хазем ел Беблави очекува новиот кабинет на министерот да положи заклетва до крајот на идната недела.
„Ројтерс“ потсети дека либералниот економист и некогашниот министер за финансии е именуван откако минатата недел исламистичкиот претседател Мохамед Морси е отповикан.
Елена Георгиевска