„Кажи не!“- Кампања за зголемување на свеста за опасностите од споделување фото и видео материјали на Интернет

Од:

МВР во соработка со Европол и полицијата на Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, започна меѓународна кампања „Кажи не!“

– „Кажи не!“. Сексуалната злоупотреба на деца на Интернет остава далекусежни последици врз жртвата, која мора да живее со сознанието дека фотографиите и видеата добиени преку злоупотреба на довербата може да се шират на интернет во секое време и да бидат достапни за секого. Затоа, во соработка со полициите во регионот и Европол, се спроведува кампања чија цел е да им се укаже на децата и младите на опасностите и последиците што можат да произлезат од комуникацијата со странци на интернет, наведуваат од МВР.

Според Европол, за време на епидемијата, побарувачката за снимки од сексуална злоупотреба на деца се зголемила за 25 проценти во некои земји- членки на ЕУ. За време на епидемијата, повеќето луѓе ја зголемиле комуникацијата преку интернет, и како резултат на тоа, и криминалците се прилагодиле на новиот начин на живот.

Сексуалната злоупотреба може да се случи уште побрзо преку интернет, бидејќи, стои во соопштението, сторителите брзо и анонимно пристапуваат до децата и младите преку каналите за разговор, веб -страниците и социјалните мрежи.

– Сексуалната злоупотреба на деца е сериозно кривично дело што има далекусежни последици за жртвата, така што борбата против сексуалната злоупотреба на деца е приоритет и за нашата држава и за Европската унија .Затоа, во соработка со Европол и полициите на повеќе балкански земји сакаме да ја подигнеме свеста и да спречиме вакви криминални дела, порачуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он