Учениците од прво и четврто одделение добиле материјали, а не учебници, велат од инцијативата „Учебници и настава мора да има”

Од:

Бирото за развој на образованието ги потврдил сомнежите на граѓанска иницијатива за образовни реформи „Учебници и настава мора да има”, дека учебниците за прво и четвртото одделение не се учебници туку се материјали за учење со што е прекршен постоечкиот Закон за учебници каде се вели дека учебникот е основно и изворно средство на знаење. Драгана Спасевска, преставник на граѓанска иницијатива за образовни реформи „Учебници и настава мора да има”, при објавување на овој детал истакна дека информаци од јавен карактер побарале од 343 основни училишта, од кој само 88 училишта им одговориле.

– Од вкупно 4380 четврто оделенци, 1263 ученици добиле материјали за учење. Министерстовото за образование и наука доставило само 860 таблети, од кој 581 дополнителни таблети се обезбедени од локалната самоуправа, како и 191 таблет од донации и самофинансирање. Од 88 училишта, 17 училишта немаат смарт табли и се во очекување. На дел им е одговорено дека ќе ги добијат по локалните избори, со што за жал се потврдува дека пола учебна година ќе немаат извори за едукација. Од 88 училишта, осум училишта немат никаква ИТ-опрема и комуникациска технологија. Од 88 училишта, две училишта немаат интернет и дел од нив имаат слаба конекција. Од 88 училишта, две се реновираат, изјави Спасевска.

Дел од родителите на овие ученици од 88 основни училишта побарале писмено барање за доставување на учебници, дел побарале и усно самите училишта.

– Според овие истражувања денеска поднесовме преставки до Народниот правобранител за кршење на уставните и законските права на децата од страна на органите и организациите пред кој Народниот правобранител е надлежен да постапува. И преставка до Комисијата за спречување на корупција, да поведе постапка за утврдување на одговорност на службени лица и судир на интереси, и доколку постои основ да се покрене постапка за кривично гонење во конкретниов случај, додаде Спасевска.

Таа исто така посочи дека бидејќи БРО им одговорил дека децата се служат со материјали за учење, а не со учебници, тогаш наставниците може да ги бојкотираат, како што наведе „недоличните и смешни содржини во учебниците за четврто одделение и слободно да користат и други воспитно педагошки извори и материјали за нивната настава“. Дополнително кажа дека се обратиле и до Министерството за здравство, во кое според загриженоста на родителите барале информации од јавен карактер да им биде образложено по кој основ и зошто треба да се тестираат здрави деца, како ќе се одвива тоа, дали родителите ќе дадат согласност и т.н.

Би можело да ве интересира

Учениците од четврто, петто и шесто одделение од денеска ќе ги имаат првите дигитални интерактивни учебници

МОН: Апсурдно е со референдум да се блокира дигитализацијата на образованието

Собирањето потписи за референдум против реформите во образованието почна денеска

Катерина Ѓуровски

Митева до Царовска: Послушајте ја јавноста, не ги укинувајте учебниците на сила

Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ достави предлог за референдум против дигитализацијата во Собранието

СДСМ: Зад утрешните протести против образовните реформи стои ВМРО-ДПМНЕ