Британскиот Форин Офис предупредува на опасноста од медузи во Грција

Од:

Британскиот Форин Офис ги предупреди денеска Британците кои како туристи летуваат во Грција, на опасноста да бидат нападнати од медузи во морската вода.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи изјави дека оваа година има „невообичаено многу“ медузи во морето, па им препорача на британските туристи да бидат внимателни при капењето.

Во препораката се вели дека Британците треба да се консултираат со локалните грчки власти околу„наездата“ на медузи, кои би можеле да предизвикаат болни последици.

Грчките власти ги отфрлаат како претерани предупредувањата на Форин Офисот, додека еден грчки биолог за лондонските медиуми изјави дека оваа година „нема повеќе медузи од обично“. Тој твди дека медузите во морската вода не се опасни, бидејќи не касаат.

Туристичките организации во Грција уверуваат дека ситуацијата во водата се следи постојано. Наезда на медузи има и во другите реони на Медитеранот, а посебно во крајбрежните води на Франција и Италија.

Британските власти објаснуваат дека сакаат само да ги заштитат своите туристи, откако утврдиле дека медузи има во сите делови на Грција и на Медитеранот, каде обично летуваат Британците.

Експерти објаснуваат дека медитеранските води се преполни со медузи, како и дека тие во овој регион не се смртоносни, но дека сепак може да предзивикаат проблеми.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он