(ВИДЕО) Митева: Шилегов има обврска да се извини и да ги побара назад парите кои ги дал на организацијата

Од:

„После настаните во првиот скопски извиднички одред можеме да заклучиме дека Шилегов или не знае што финансира или свесно ги финансира проектите со контроверзна содржина. Се согласувам со Шилегов дека сепак, децата се најважни! Но грижата сега е наша, а одговорноста негова! Средношколци, малолетни деца биле поттикнувани и присилувани да изведуваат активности, кои за нив биле непријатни, неприфатливи и за некои деца и шокантни“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако скандалот на злоупотреба и манипулација на децата се обелодени тогаш Шилегов веднаш недвосмислено се огради. Со тоа даде директно признание дека одговорноста е негова.

Безобразно ја манипулираат јавноста и тврдат дека не знаат за вакво нешто и немаат никаква врска со настанот.

Документите кои ги објавувме вчера го покажаа токму спротивното. Град Скопје знаел за проектот, го одобрил и финансирал. Ова се тие документите кои го докажуваат тоа.

Шилегов треба да одговори кој ја контролира работата и кој ги одобрува програмите на вакви кампови?

Бараме од Шилегов две работи, прво да ги побара парите кои ги доделил на организацијата, и второ но не помалку важно да се извини на јавноста, да се извини на загрижените родители и да се извини на учесниците.

Дали Министерството за труд и социјална политика, или Министерството за образование и наука знаат што се случува?

Свесни сме дека одговори од оваа влада нема никогаш да добиеме, но со сигурност можеме да констатираме дека ако знаеле ВИНОВНИ СЕ, ако не знаеле ВИНОВНИ СЕ!“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања