Кина ја осуди Јапонија поради извештајот за одбраната

Од:

Кина ја осуди Јапонија поради извештајот за одбраната, нарекувајќи го невистинит и оти погрешно го етикетирала Пекинг како опасност.

Новата јапонска бела книга за одбраната е прва откако минатата година е заострен територијалниот спор со Кина, околу ненаселените острови во Источното Кинеско Море.

– Извештајот намерно ги игнорира фактите и ја претставува Кина како воена опасност, изјави претставник на кинеското Министерство за одбрана Генг Јаншенг.

Документот кој Токио го усвои во вторникот е годишен извештај за јапонските одбранбени способности и регионална безбедност.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени