Нема да има јавна истрага за убиството на Александар Литвиненко во Лондон

Од:

Британските власти одлучија да не се организира јавна истрага за убиството на Александар Литвиненко, руски дисидент и поранешен оперативец на руското разузнавање.

Главниот иследник во истрагата за условите под кои умре Литвинеко, британскиот судија Роберт Овен изјави денеска дека нема да има јавна истрага, откако тој прифати да не се разгледуваат доказите на истрагата, поврзани со сомневањето за вмешаност на руската држава во ова убиство.

Литвиненко беше отруен со радиоактивниот изотоп Полониум 212 во Лондон, на почетокот од ноември 2006 година, а умре две недели подоцна во една лондонска болница. Истрагата што ја спроведе Скотланд јард го посочи како осомничен за убиството, Андреј Луговој, поранешен оперативец на КГБ, а сега пратеник во руската Дума.

Британските власти побараа екстрадиција на Луговој уште пред тој да стане пратеник, но официјална Москва го одби барањето, со образложение дека Русија не екстрадира свои државјани.

Односите меѓу Велика Британија и Русија значително се влошија како последица на убиството на Литвиненко, кои неколку денови пред да биде отруен стана британски државјанин, а особено по сомневањето дека зад ликвидацијата стојат „високи функционери“ на Русија.

Вдовицата на убиениот дисидент, Марина Литвиненко бара јавна истрага за смртта на нејзиниот сопруг, обвинувајќи го Кремљ за ликвидацијата. Таа претходно се закани дека ќе ја бојкотира коронерската истрага, доколку Владата не определи јавна истрага.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца