Шесте активистики на Гринпис кои демонстрирајќи, по фасадата се искачија на кулата „Шард“, највисоката зграда во Лондон и во Западна Европа, остануваат во притвор, соопшти лондонската полиција.
Овие малди жени, успеаја вчера, рано утрината, да им побегнат на бројните чувари и да почнат да се искачуваат по стаклената фасада на „Шард“ во знак на протест против нафтената компанија „Шел“ и сите другите кои трагаат по нафта, дупчејќи во реонот на Арктикот.
За да успеат во оваа тешка и опасна демонстрација, на активистиктите на Гринпис им беа потребни 16 часови. На врвот на зградата, тие го истакнаа знамето на организацијата и паролата „Заштитете го Арктикот“.
Кулата „Шард“ свечено е отворена минатото лето, пред почетокот на Олимписките игри во Лондон, а за посетителите од февруари оваа година. Зградата е висока 310 метри и има 87 катови. На 68-от,69-от и на 72-от кат има уредени соби-за посматрање на прекрсаната панорама на Лондон и на неговата подалечна околина. Во текот на целиот вчерашен ден, „Шард“ беше забранета за туристички посети, во интерес на публиката која имаше купено билети и поради безбедноста на демонстрантите.
Претставник на Гринпис изјави дека оваа зграда е избрана за демонстрацијата, затоа што наликува на скршено парче лед и затоа што во е сместена централата на „Шел“. Оваа нафтена компанија ги отфрли обвинувањата, објаснувајќи дека црпењето нафта во реонот на Арктикот „не е никаква новина“.