САД го повикаа денеска египетското раководство да престане со „произволно“ апсење на членови на движењето Муслиманско братство.
– Единствен начин за успешна работа е ако сите страни бидат охрабрени и ако им е дозволено да учествуваат, и затоа јасно кажавме дека произволните апсења се нешто што не можеме да го поддржиме, изјави портпаролот на Белата куќа Џејмс Карни.
Според него, египетското раководство на тој начин „работи против себе“, ако сака да ги вклучи сите страни во политичкиот процес.