Во Битола почнува 30. јубилејно издание на Интерфест, годинава во чест на Блаже Конески

Од:

Вечер во Битола почнува 30. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на класична музика Интерфест, годинава посветено и во чест на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет и лингвист Блаже Конеска.

Во битолскиот театар, на сцената „Благоја Стефановски-Баге“, Фестивалот ќе го отвори НУ Опера и Балет-Скопје со операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во која диригент е Бисера Чадловска, а со хорот и оркестарот на НОБ ќе настапат солистите Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Горан Начевски, Јане Дунимагловски и Драган Ампов.

Според фестивалската програма, до 12. октомври во Битола концерти ќе одржат Маурицио Матарезе и Карла Авентаџиато од Италија, Александар Рам и Ана Одинцова од Русија, Михаил Кун и Кристоф Еверс од Германија, а ќе настапат и уметници од Унгарија, Турција, Србија и Северна Македонија.

За публиката на јубилејниот Интерфест програмирани се и придружни содржини, ликовна изложба „Боја родена од музиката“ сочувани дела од ликовниот уметник Борислав Траиковски (1917-1996) како и поетска вечер посветена на Блаже Конески.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска