Организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешнл соопшти дека на бременото 11-годишно девојче, кое е силувано од партнерот на мајката и чиј случај ја покрена дебатата за абортус во Чиле, мора да му биде овозможемо да ја прекине бременоста.
– Државата Чиле мора да и обезбеди психолошка и медицинска помош, која и е потребна и мора да преземе мерки за да и бидат достапни сите можности, вклучувајќи ја и безбедната интервенција за прекин на бременоста, нагласи АИ.
Веста за 14 недели бременото девојче минатата недела ја шокираше јавноста во една од најконзервативните држави во Латинска Америка.
Во меѓувреме полицијата во зафрленото село Пуерто Монт, во јужниот дел на земјата го уапси мажот, кој признал дека изминатите две години сексуално го злоупотребувал девојчето, со чија мајка бил во врска.
Лекарите тврдат дека животот на девојчето, како и фетусот е загрозен, а прекинот на бременоста во Чиле не е дозволен.
Абортусот кој се извршува од медицински причини бил дозволен во земјата до 1973 година и е укинат за време на диктатурата на Пиноче, а сегашниот шеф на државата Себастијан Пињера се противи на укинувањето на овој закон.