Конгресот го спречи делумното затворање на американската Влада

Од:

Американскиот Конгрес усвои предлог -закон за привремено владино финансирање до 3 декември, со што е избегнато делумно затворање на федералните институции.

Предлогот прво беше одобрен во Сенатот со 65 гласови „за“ и 35 „против“, а потоа и во Претставничкиот дом, каде имаше поддршка од 254 членови, додека 175 беа против, пренесе Гласот на Америка.

Американскиот претседател Џо Бајден ја потпиша усвоената мерка пред крајниот рок ноќеска пред полноќ, кога истекуваше тековниот буџет за финансирање на работата на владините служби.

Покрај непреченото работење на американската Влада, предлогот за негово привремено финансирање предвидува помош за областите што претрпеа последици од природните катастрофи и пожари, а исто така вклучува и пари за бегалците од Авганистан.

Британските медиуми јавуваат дека во меѓувреме, поделбите во рамките на Демократската партија ги загрозија плановите на претседателот Бајден да инвестира во инфраструктурата, да ги прошири социјалните услуги и да се бори против климатските промени.

Умерените и прогресивни демократи се расправаат за големината на пакетот од 3,5 трилиони долари што ќе обезбеди продолжено семејно отсуство, медицинска нега за стари лица и поголема поддршка за децата.

Поради овој спор, неизвесна е и судбината на билатералниот партиски предлог за инфраструктурата, веќе усвоен во Сенатот, за кој сега треба да одлучи Претставничкиот дом.

Прогресивните демократи во долниот дом на Конгресот изјавија дека ќе гласаат против предлогот доколку не се дискутира во пакет со пообемен план од 3.500 милијарди долари. Републиканците и некои умерени демократи, меѓутоа, се противат на тоа.

Истовремено уште една криза го демне Конгресот, бидејќи демократите и републиканците спорат околу давањето дополнителни овластувања на Министерството за финансии да позајмува пари над сегашниот законски лимит од 28,4 трилиони долари.

Доколку Конгресот не го усвои предлогот, американската Влада на 18 октомври може да остане без извор на финансирање, изјави претходно министерката за финансии,Џенет Јелен.

Републиканците веќе се изјаснија дека не сакаат да учествуваат во зголемувањето на лимитот на задолжување, велејќи дека тоа е проблем на демократите кои го контролираат Конгресот и Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел